Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Уште неколку дена сонце, од петок драстичен пад на температурите

Времето денес ќе биде претежно сончево, претпладне во јужните делови со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

До петок ќе се задржи стабилно и потопло време. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, особено во четврток. За време на викендот се очекуваат повремени врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено од недела.

Прогноза за 22.10.2021
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 18°C до 23°C
Сончево со мала до умерена, а во западните делови на места зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 23.10.2021
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 14°C до 20°C
Променливо облачно, попладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 24.10.2021
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Променливо облачно и посвежо со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Ахмети ќе учествува на лидерската средба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК