Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сончево со мала облачност и температури до 22 степена

Времето денеска наутро во одделни котлини и речни долини ќе биде со појава на магла и ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе се засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната од 17 до 22 степена.

Во Скопје наутро со услови за појава на магла, а преку денот сончево со мала локална облачности и слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.

До петок ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, најизразени утре наутро. В сабота ќе има повремен дожд, претежно во западните делови, а в недела со врнежите од дожд ќе дува и засилен северозападен ветер. Дневната температура од недела ќе биде пониска.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК