9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Илиевски од СДСМ: Сонот ќе ми се исполни кога ќе ги реализирам проектите што Димитриевски ги вети, а не ги исполни

„Граѓаните бараат дела, а не зборови. Сите добро ме знаат и горд сум на добиените гласови. Нема да ми се исполни сонот на вториот круг кога ќе станам градоначалник, туку сонот ќе ми се исполни кога ќе ги реализираме сите проекти што Димитриевски не ги реализираше и уште повеќе“ кажа кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ и коалицијата, Оливер Илиевски на дебатата на ТВ24.

Тој додаде дека во моментов во Куманово се прави поткуп на гласови со тоа што без дозвола и со приватни средства се градат улици, кои не се во програмата на градот.

Илиевски потенцираше дека во вториот круг очекува гласови од граѓаните на Куманово кои ќе ја поддржат неговата програма со реални и остварливи проекти.

„Најважно за нас е решавање на сите проблеми на граѓаните. Ние коалицираме со граѓаните. Ги повикувам сите да излезат и да гласаат за Куманово да заличи на модерен, урбан и зелен град со кој сите ќе се гордееме“ кажа Илиевски.

Можеби ќе ве интересира

Апсења на познати бизнисмени и екс директори во Битола – детали за новата истрага

ДЕСК

Реализирано првото гаѓање со новата артилериска опрема ,,Боран’’ на АП Криволак

ДЕСК

Бујар Османи најави предвремени парламентарни избори во март или април

ДЕСК