Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Илиевски од СДСМ: Се боревме против селективноста, а сега Димитриевски сака селективност за себе

„Се боревме против селективноста, а сега Димитриевски бара селективност. Доколку неговото возило било технички неисправно, тоа значи дека СВР Куманово треба да постапи. Димитриевски ги прави овие драматургии за да не зборува за тоа што не направи во Куманово“ кажа кандидатот за градоначалник на општина Куманово од СДСМ и коалицијата Оливер Илиевски на дебатата на ТВ24.

„Нема инцидент, туку рутинска контрола за затемнети стакла, за што возачот на Димитриевски платил казна, со што се потврдува дека СВР Куманово биле во право“ кажа Илиевски.

Тој додаде дека Димитриевски во борбата за градоначалничка функција влегол во политички договори и соработка со претставниците на режимот против кој заедно се бореле.

„Се преговара за јавни претпријатија и за некакви необјасливи коалиции во Куманово. Се нудат директорски позиции со кои ќе се офајдат лица на високи функции од локалниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, а граѓаните ќе се тргнат на страна“ кажа Илиевски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК