Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Обвинение за жител од Гостиварско кај него биле пронајдени пиштол и муниција

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи казниво по Кривичниот законик.

Обвинетиот 53-годишен жител на селото Дебреше на 8 април годинава се движел во својата нива во атарот на селото, носејќи огнено оружје во пределот на појасот – пиштол и 12 куршуми со калибар 9мм Para, за кои немал соодветна дозвола за поседување.

Оружјето и муницијата ги пронашле полициски службеници, при личен преглед на обвинетиот.​

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК