23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

И власта и опозицијата имаат пад во гласачите: ВМРО ДПМНЕ добила само 285 илјади гласови на советнички листи, неколку десетици илјади помалку од лани

Се разбиструваат работите, откако по досега невиденото доцнење на системот на Државната Изборна Комисија, се објавени повеќето од резултатите.

Поддршката на ВМРО ДПМНЕ не само што не се зголемила од страна на граѓаните, како што сакаат Христијан Мицкоски и кадрите на Никола Груевски да ја претстават актуелната ситуција, бидејќи пресметките покажуваат дека ВМРО ДПМНЕ освоила 285.000 гласа на советничките листи, додека СДСМ 235.000.

Да не заборавиме дека Коалицијата на СДСМ на ланските избори се состоеше од БЕСА и ЛДП кои имаат вкупно 50.000 гласови, со што Владината коалиција и коалицијата на ВМРО ДПМНЕ имаат исто салдо на гласови.

И двете партии бележат пад на гласови во однос на парламентарните избори, коалицијата СДСМ (со БЕСА и ЛДП) тогаш беше во водство од 20.000 од ВМРО ДПМНЕ, а сега тоа се покажа како урамнето. Тука може да се анализира дека во првиот круг одзеле гласови од СДСМ и некои независни листи кои всушност произлегоа од социјалдемократи кои не беа кандидирани, а таа поддршка сега во вториот круг би можела да се акумулира на контото на СДСМ.

Според аналитичарите, пад има и кај двете партии. ВМРО ДПМНЕ дефинитинво не може да се каже како некаков победник, бидејќи нема некоја значајна поддршка, туку и значителен пад, со што ова е порака од граѓаните до Христијан Мицкоски дека во партијата им е потребна реформа и систематско отстранување на “канцерот” на Груевизмот кој е непожелен во западниот свет.

Интересна е ситуацијата со Левица која доби 50.000 гласови, една третина повеќе од минатите избори.

Кога ќе се земе целокпната коалиција СДСМ, ДУИ, БЕСА, ЛДП и другите во власта и споредба со онаа на ВМРО ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива тогаш гласовите се во корист на актуелната Влада со над 50.000 разлика.

Сепак ова се локални избори, на кои, се гласа или не се гласа за личности. На власт и натаму остануваат СДСМ-ДУИ-БЕСА, а следните парлаентарни избори се закажани за неполни 3 години.