2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Добредојде за новото време – ребрендирање на Комерцијална Банка

Промените се дел од секојдневното живеење. Понекогаш доаѓаат под дејство на природните закони, а понекогаш заради нови идеи и цели.

Убава промена деновиве доживува и водечката банка во нашата земја – Комерцијална банка АД Скопје, која се појави во јавноста со нов визуелен идентитет и тоа на неколку нивоа: редизајнирано лого, нов слоган, нов корпоративен спот, како и модернизирани и нови филијали.

„Новото време бара нови начини на однесување во работата и на соочување со проблемите на денешницата. Токму затоа ја доведовме комуникацијата со нашите клиенти на едно ново и поблиско ниво“, ни посочија од Банката.

Модернизацијата на експозитурите е видлива веќе извесно време, а изменетото и освежено лого ќе биде новиот визуелен знак на Комерцијална. Корпоративниот спот, пак, во кој не заборавиле да направат омаж на бардот на македонската музика Зафир Хаџиманов, е емотивен приказ на моменти од животни ситуации на наши луѓе во кои го потврдуваат нивниот нов слоган ПОЛЕСНО Е ЗАЕДНО. А секој од нас тоа одлично го знае, нели?

*пр текст

Можеби ќе ве интересира

Муцунски: Финализираме договор со САД што ќе ги отстрани преостанатите трговски бариери

C +

Мицкоски: Им благодарам на САД што ја коригираа тарифата од 33 на 15 проценти, оптимист сум дека ќе одиме уште подолу

C +

Сериозно голема акција на УЈП: Третина од контролираните субјекти со неправилности, затворени пет дуќани

ДЕСК