22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Обновено) Азилот на бегалецот Никола Груевски ќе биде ставен на ревизија три години по бегството – Дали Унгарија ќе го обнови?

Бегалецот Никола Груевски кој е осуден на правосилна казна затвор и осомничен за повеќе кривични дела следниов период ќе ја стави на тест унгарската држава, откако ќе му истече азилот.

Груевски во ноември 2018. побегна од Македонија, откако му беше определена правосилна пресуда за затвор од две години.

Поранешниот премиер и актуелен бегалец, побегна во Унгарија и доби азил. Согласно правилата во оваа држава по точнио три години од добивањето на азил мора да биде извршена ревизија, а засега евентуалната одлука на тамошниот систем е непозната.

Македонија има распишано потерница по Никола Груевски, па доколку не му биде обновен азилот, тој ќе треба да биде екстрадиран во земјава.

Оваа информација ја соопшти и институтот ИФИМЕС во својата најнова анализа за локалните избори:

– Тригодишниот политички азил на Никола Груевски во Унгарија истекува во октомври 2021 година, и тој преговарал со Русија и Турција за можноста за добивање политички азил, пишува во анализата ИФИМЕС.