Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Тешка сообраќајка во тетовско: Се судрија сеат леон и голф, има повредени

На 16.10.2021 во 14.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од регионалниот пат Тетово-Волковија со локален пат за с.Челопек се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „сеат леон“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.И.(29) од с.Мала Речица и патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(43) од с.Радиовце.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“ А.Б.(41) од с.Радиовце, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК