19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Шилегов: Очекувам победа во првиот круг затоа што граѓаните знаат да препознаат што е најдобро за Скопје

„Денес е празник за демократијата во Македонија и празник за демократијата во Скопје и скопските општини. Денес заедно со моето семејство го исполнивме своето граѓанска должност и обврска да го дадеме својот глас“, кажа градоначалникот Шилегов веднаш после гласањето.

Имавме кампања којашто помина мирно и достоинствено, затоа очекувам и се надевам дека денешниот ден, односно овие избори ќе завршат мирно и демократски, впрочем онака како што заслужуваат сите граѓани на Република Северна Македонија“, потенцираше Шилегов.

„Бидејќи одзивот е онаков каков што очекуваме, а очекувањата мои се дека ќе имаме победа уште во првиот круг затоа што во самата кампања скопјани може да препознаат кои се луѓето што овој град го водат напред и сето она што го направивме во изминатите четири години. Континуитетот за развој на Скопје е извесен и тоа е она што граѓаните ќе го изберат на овие избори“, кажа градоначалникот Шилегов.

https://youtu.be/5eIpDsZsUKc

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК