ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од 12:00 часот, сообраќајот на регионалниот пат 1202 Дебар-Маврово Ростуше во непосредна близина на Мелнички Мост наспроти Хотел „Дебарски Бањи“, за ПМВ се одвива наизменично по една коловозна лента.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.