Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Фото) ИЗБОРИ ВО МАКЕДОНИЈА МЕЃУ СВЕТСКИТЕ ВОЈНИ: Секој кандидат имал своја кутија, се гласало со железно топче наместо ливче

Со појавата на локални и парламентарни избори на територија на Македонија, гласањето се одвивало слично на денешното, со гласачки кутии. На фотографијата е претставена гласачка кутија од период на Македонија меѓу двете светски војни, соопштија од Музејот на Северна Македонија.

Гласањето се одвивало на следниот начин: Доколку имало тројца кандидати биле поставувани три гласачки кутии. На влез на гласачкото место и по прикажување на документ за идентификација, гласачот добивал едно железно топче.

Гласачот морал да ја стисне раката со топчето и да ја протне во трите кутии. Во една кутија го пуштал топчето. На крај на гласањето требало да ја покаже раката празна.

Со тоа завршувал процесот и гласачот заминувал. Неправилностите на изборите не се современа појава. Уште тогаш биле поставувани луѓе, дури и под масите каде стоеле кутиите и нивна задача била да слушаат каде ќе тропне топчето. На тој начин знаеле кој за кого гласал. Заради тоа, топчињата биле заменети со гумени за да се намали звукот на паѓањето, велат од Музејот.

Спонзорирано: