Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Фатен уште еден поткупувач кој дал 3000 денари за глас, полицијата му стегна кривична

На 16.10.2021 во ПС Делчево на информативен разговор е повикан Н.С. (35) од Делчево поради основано сомнение за давање поткуп во врска со локалните избори односно сторено кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“, како и К.С. (35) кој примил 3000 денари од Н.С. во замена за глас на утрешните избори. Известено е ОЈО Делчево и по насоки од ОЈО извршен е разговор со повеќе лица.

Паричните средства во висина од 3000 денари се одземени. По комплетирање на службената документација од страна на ОВР Делчево ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Делчево по чл.162 ст.1 и 2 вв ст.3 од КЗ.

Можеби ќе ве интересира

СТАТУСОТ НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Државјанството му дава посилна заштита?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК