Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Делеле кеш за поткуп со каса прими

Вчера откриениот поткуп во Лозово, за кој интервенираше и полицијата, се вршел преку каса прими.

За глас се давале три до пет илјади денари, при што е уапсено едно лице од село во општината Лозово, информираше портпаролот на полицијата Тони Ангеловски. Полицијата го привела Б.А.(50) од Милино за ова дело. За случајот отворенае постапка и од Јавното обвинителство.

Денеска, пак, полицијата информираше дека синоќа во Драчево биле уапсени четири лица кај кои биле пронајдени значителни количини на кеш пари. Кај овие лица се најдени пари во кеш во висина од 121 илјада денари и девизи во висина од 250 евра.

Полицијата информираше дека се работи за лица со иницијали Е.Б. (26), С.М. (27) Н.Б. (50) и Ј.М. (35).

За целиот случај е известен јавен обвинител, а извршени се и претреси во домовите на лицата, при што истите биле задржани во полициска станица.

Можеби ќе ве интересира

Внатрешна контрола: Нема незаконско постапување при одбиениот влез на британските државјани

ДЕСК

Мицкоски: Секој има право да го користи својот мајчин јазик, а во Законот за правична застапеност процентите не се важни туку квалитетот и очекувам поддршка од сите пратеници

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК