12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шабани: Успешно продолжуваме со Еразмус+ програмата, младите да ги искористат можноститете за меѓународна мобилност како влог во квалитетно образование

Европската програма Еразмус+ беше и ќе биде една од најуспешните приказни за нас. Северна Македонија е активен учесник во програмата на студентска мобилност, а тоа што ја издвојува од другите држави во регионот е што уште од самиот почеток има статус на програмска земја и е на еднакво рамниште со останатите земји-членки на Европската унија, рече заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани на вебинарот на кој се дебатираше за програмите, приоритетите и новостите поврзани со новиот циклус на Еразмус програмата, за периодот 2021-2027 година.

Министерството за образование и наука, како Национален авторитет за Еразмус+ од почетокот е важна потпора на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и како резултат на тоа е и досегашното успешно спроведување на Програмата.

„Во периодот што е пред нас очекуваме акцентот во делот на интернационализација во високо образование да биде ставен на постулатите за дигитализација, зелена агенда, вработување, инклузија и соработка со соседните држави, меѓународни мастер акредитирани програми, интензивни курсеви за студентите, тековно користење на Европските образовни платформи како и на вклучување во студирање и наставни ангажмани во државите од Западен Балкан, источно-европското партнерство, Азија, Северна и Јужна Америка“, посочи Шабани.

Вложувањето во образование е најдобрата инвестиција за иднината на една земја, потенцираше заменик министерот и токму затоа стремежите на Министерството се насочени кон реформи во образованието кои значат инвестиции во младите и во човечкиот капитал, и тие секогаш треба да бележат нагорна линија. При тоа, од големо значење е и квалитетот на кадрите на институциите и желбата на професорите и студентите за достигнување на максимумот кој го нуди високото образование.

Шабани нагласи дека токму учеството во Еразмус+ програмата е една од можностите за подигнување на квалитетот на високото образование. Она што како држава треба да го направиеме, е да ја искористиме како можност за зголемување на ефектите од меѓународната соработка и од размената на искуства.

Во дебатата во рамките на Еразмус деновите учествуваа и претставниците на универзитетите Св. Климент Охридски од Битола, Американ Колеџ од Скопје и на Универитетот на Југоисточна Европа.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Средба на Царовска и Шабани со косовската министерка за образование и наука Нагавци, изразена согласност и заложба за продлабочување на меѓусебната соработка

M T

Шабани: Поттикнуваме на учество во програмата Хоризонт Европа, тоа е можност за бизнис заедницата и научно-истражувачките центри да учат од најдобрите во ЕУ

M T

Царовска и Шабани на средба со студентите од УЈИЕ: младинскиот стандард евисок приоритет на државните политики

M T

Шабани: Со новите образовни политики создаваме кадри со употребливи знаења и практични вештини

M T