23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Филипче со поддршка за Петре Шилегов: Петре е човек кој знае да препознае каде и кога треба да помогне

Министерот за здравство Венко Филипче ја изрази својата поддршка за градоначалникот Петре Шилегов на претстојните локални избори, истакнувајќи дека граѓаните сами избираат кој ќе раководи со главниот град во следните четири години, а скопјани заслужуваат градоначалник кој ги знае нивните приоритети и не отстапува од нив.

„Резултатите на работењето на Петре се неспорни, тие се видливи при секое движење низ градот. Но, вистинските квалитети на Петре се оние кои ги поседува како човек. Човек кој вистински се грижи за граѓаните и знае да препознае каде и кога треба да помогне. Во екот на пандемијата кога беше најважно, тој беше меѓу првите кој ни даде силна поддршка на нас, здравствените работници. Тој препозна колку е важно да ги насочи ресурсите на градот за да помогне во битката со пандемијата“, изјави министерот Филипче, додавајќи дека благодарение на Град Скопје и заедничката работа со Министерството за здравство, проблемот со паркирањето на Клинички центар бил експресно решен, со што се олеснило целото движење на возила во комплексот.

„Со ова им се обезбеди побрза здравствена услуга на граѓаните, но и поефикасна работа на службите за итна медицинска помош.“

Една од континуираните заложби на градоначалникот Шилегов е и реализацијата на клучни скопски проекти кои биле запоставени повеќе од две децении, градење капитална инфраструктура и рамномерен развој на градот.

„Нови булевари, многу велосипедски патеки и конечно, слободни тротоари. Градот целосно се промени за четири години и тргна во правилна насока. Така мора да продолжи. Во недела, ние бираме кој ќе го раководи градот следните четири години“, заврши министерот Венко Филипче.