Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагична несреќа: Загина 43 годишен штипјанец

На 13.10.2021 во 22.06 часот во СВР Штип, било пријавено дека во 21.50 часот во атар на с.Стар Караорман, штипско, бил пронајден починат К.Ц.(43) од с.Стар Караорман.

Според пријавеното, околу 16.00 часот тој отишол да врши земјоделски работи со трактор, при што се превртел и починал. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Штип.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК