Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Разбојник од Скопје украл автомобил, па со него направил сообраќајна несреќа

Во попладневните часови на 13 октомври на скопската улица Пролет, полицијата уапсила 46-годишен скопјанец со иницијали Б. Д. поради сомнение дека на 11 октомври од булеварот Борис Трајковски одзел автомобил „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т. Н. од Скопје.

Како што информираат од МВР, подоцна истиот ден, во скопско Ново Село разбојникот со одземеното возило удрил во автомобил „ситроен берлинго“, сопственост на К. М. од Скопје и го напуштил местото.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Во следните денови заладување и врнежи од дожд и од снег

C +

Муцунски разговараше со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија: потврдени одличните билатерални односи

C +

(Видео) Комеморацијата заврши со „63 ангели”, песна за згаснатите животи

C +