Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шилегов: Град Скопје секогаш ќе биде партнер во подобрувањето на локалниот економски развој

Денес, во просториите на Стопанската комора на Северозападна Македонија се одржа состанок помеѓу претседателот Неби Хоџа и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, а на состанокот присуствуваше и градоналачникот на Бутел, Велимир Смилевски.

На средбата се зборувало за поддршката на локалната самоуправа за бизнис-секторот и подобрувањето на локалниот економски развој.

„СКСЗМ во Град Скопје како институција секогаш ќе има свој партнер, подготвена да излезе во пресрет на нивните барања бидејќи само со заедничка соработка и меѓусебна поддршка ќе може полесно да се решат претстојните економски предизвици и да се зајакне целокупната економија и креирање оптимална бизнис-клима во Скопје“, посочил Шилегов.

Потсетил и дека Град Скопје донел неколку мерки за олеснување на последиците од пандемијата за фирмите, со откажувањето од дел од средствата од најголемите свои приходи: комуналиите, комуналните такси и закупот на јавен простор.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК