Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Илиевски на дебата ТВ Плус: Со Владата ќе внесеме 120 милиони евра во Куманово, затоа СДСМ ја има најдобрата понуда, заокружете 12

Вечерва, на предизборно соочување на кандидатите за градоначалник на Куманово на ТВ Плус, кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски истакна дека е точно дека СДСМ имаше градоначалник, но и дека сé зависело од личноста.

„ДПМНЕ за 11 години централна власт, ништо не реализираа, освен две тениски игралишта. Откако СДСМ е на централно ниво, вложени се 120 милиони евра за реконструкција на сите регионални патишта околу Куманово – Куманово – Крива Паланка, Куманово-Сопот, Куманово-Никуштак, Куманово-Опае, Куманово-Св. Николе.”
Илиевски истакна дека ова се инвестиции на Владата со цел поврзување на Куманово регионално за поголем раст на локалната и регионалната економија и истите планира да ги продолжи
“Во самиот град власта инвестираше многу, изгради три спортски училишни сали, само во образование инвестираше 3.4 милиони евра, Ние се обврзуваме дека од тие 120 милиони евра во идниот период ќе внесеме внатре во Куманово, затоа СДСМ ја има најдобрата и најобемната понуда.„

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ Е НАЈТАЖНИОТ ДЕН ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО! Го славиме Велики петок – денот на страдањето на Исус Христос!

ДЕСК

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ПО НУЛАТА, НАУТРО ЌЕ ИМА МРАЗ: Метеоролозите со четиридневна прогноза – лоши вести за времето

ДЕСК

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК