Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вицепремиерот Димитров домаќин на работната посета на грчкиот алтернативен МНР Варвициотис

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, на 14 и 15 октомври 2021 година (четврток и петок), ќе биде домаќин на работната посета на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис.

Посетата се остварува во светло на засилената билатерална соработка меѓу Северна Македонија и Грција, како и изразената грчка поддршка за европските интеграции на земјава. Во тој контекст, ќе се разговара за можностите за продлабочување на соработката и техничката помош од грчка страна, како и остварувањето на заедничката стратешка цел што подразбира официјален почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Вицепремиерот Димитров и алтернативниот министер Варвициотис ќе остварат билатерална средба на 14 октомври 2021 година (четврток), по што ќе следат изјави за медиумите со почеток во 12:40 часот.

Во рамки на посетата, алтернативниот министер за надворешни работи Варвициотис ќе се сретне и со претседателот на Владата Зоран Заев, како и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Можеби ќе ве интересира

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ: Прашање за вицепремиерот Стоилковиќ и премиерот Мицкоски

ДЕСК