18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Шилегов од Гази Баба: После 17 октомври Мицкоски и „независната“ кандидатка ќе треба да се вратат кај политичкиот татко во Будимпешта

Вашето присуство е доказ за вашата волја да продолжиме заедно да ги развиваме општината и градот, порача кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов на трибината на СДСМ во Гази Баба. Тој потенцира дека по многу нешта СДСМ е поразличен од претходниците.

-Гази Баба беше заборавена од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која вложуваше во барок и стиропор, а на само три километра од центарот не се вложуваше ништо. Со Борче ја исправуваме децениската неправда за да почувствувате и вие дека живеете во урбаното јадро, рече Шилегов.

Тој одговори на критиките кои кон него ги упати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој го нарече маѓепсник или илузионист.

-Илузија е кога некој ве убедува дека нешто има, а сите знаеме дека го нема, а тоа е ДПМНЕ. Кога сите знаевме дека нема ништо од нив тие не убедуваа дека создаваат нешто добро за оваа држава. Илузија е и нивната т.н. независна кандидатка. Тие ни прават илузија дека е независна, ама знаеме дека ДПМНЕ ја спонзорира. Ќе ја добиете вистината на 17 Октомври кога ќе треба и двајцата да се вратите кај вашиот политички татко во Будимпешта, кажа Шилегов.

Можеби ќе ве интересира

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК

(ВИДЕО) Вербален инцидент во Кочани: Родители на загинатите во пожарот во „Пулс“ се соочија со поранешниот градоначалник додека седеше во кафеана

ДЕСК