Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Шилегов на Телма: Го завршивме колекторскиот систем и собираме понуди за изградба на прочистителната станица

„Во изминативе четири години го завршивме колекторскиот систем и сме во фаза на доставување на понуди за изработка на прочистителната станица на Скопје. Завршена е предквалификационата фаза и до 15 ноември ќе бидат дадени понудите“ кажа актуелниот и кандидат за градоначалник на Град Скопје од СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов на дебатата на ТВ Телма.

Тој додаде дека финансирањето на оваа станица е од Европската инвестицииона банка и ЕБРД и се очекува дека таа треба да почне да функционира до 2025 година.

Шилегов кажа дека последиците кои Град Скопје сега ги трпи се резултат на брзоплетото и безпланско раководење со градот од страна на ВМРО-ДПМНЕ во периодот пред неговото доаѓање на функцијата.

Во дебата со кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, Шилегов ја праша како може да ветува проекти, кои се веќе реализирани или се во фаза на реализација.

„Арсовска, во вашата програма ветувате 20 проекти. Како кога ја правевте програмата не ви кажаа дека 16 од тие 20 проекти, градот веќе ги прави или се направени. Како ветувате работи кои овој градоначалник веќе ги има направено?“ пршаа Шилегов.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК