Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Расчистена кражба на возило, приведен крадецот, возилото вратено на сопственикот

На 12.10.2021 во 14.45 часот на ул.„Крушевска Република“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле до слобода Ф.Т.(22) од Скопје поради сомнение дека на 09.10.2021 на ул.„Народни херои“ одзел патничко возило „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(30) од Скопје. Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото.

Возилото било пронајдено и по консултација со Јавен обвинител било вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот против Ф.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Трагедија во Скопје: Малолетно дете и жена паднаа од балкон од станбена зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +