СДСМ инвестира во развојни проекти,за граѓаните, денеска беше промовирана досега најголемата инвестиција во државата од незвисноста до денес во износ од 500 милиони евра, која ќе биде токму во нашиот крај,не било каква, туку Германска инвестиција, и што е уште поважно за нашиот крај, инвестиција во еколошка енергија. Тоа значи зелена енергија, тоа значи дека од ветерот и сонцето ќе продолжиме да инвестираме и да правиме енергија, порача од денешаната граѓанска трибина во Крива Паланка, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Николовски посочи дека досега, во изминатите четири години се реализирани над 7.000 проекти од градоначалниците на СДСМ, ширум државата.
„ СДСМ создава иднина, сигруна и стабилна. Со СДСМ сте на чисто, нема импровизации, нема лажни ветувања, нема фралање на пари за споменици, за палми,барок, стрипор, само со Мицковски не знаете на што сте. СДСМ ги крати привилегиите на функционерите за да има повеќе пари за изградба и рехабилитација на патишта, комунална инфраструктруа, градинки, училишта, болници, паркови, како што тоа го видовме во овие 4 години. Резултатите наши се најдобрите резултати кои говорат сами за себе, после 40 и после 50 години“, рече Николовски.
При тоа Николовски посочи дека СДСМ носи храбри одлуки и ја носи државата напред.
„Со СДСМ имаме држава. Држава на граѓаните, слободна, демократска и економиски која јакне силна. Демократска држава почитувана во светот и дома, рамо до рамо со најсилните. Оваа генерација политичари гради нов систем, надпартиски, за сите да бидат вградени во заедништвото коешто го градиме и тука и насекаде.Општество за сите, со едвакви можности и шанса за секој. Држава во која важат законите, има ред, правда и дисциплина. Заедно градиме економски напредна земја во која растат платите, пензиите, социјалната помош, се отвораат нови работни места за младите, за сите“, рече Николовски.
Нашиот народ вели кој што сеел, тоа ќе жнее, тоа доаѓа сега, да се жнее успехот после макотрпната работа и вложениот труд, во недела одиме кон нова убедлива победа во прв круг со Најдоброто за Крива Паланка, со Сашко Митовски, порача Николовски.