28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Георгиевски: Гази Баба нема време за губење, на граѓаните не им требаат советници кои ќе ги кочат проектите

Изминатите 4 години заедно направивме многу. Нерешените проблеми цели 22 години кои ги оставија моите претходници од ВМРО-ДПМНЕ започнавме еден по еден да ги решаваме, истакна во видео обраќање кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Гази Баба, Борис Георгиевски

„Дали е доволно? Јас никогаш не сум и нема да бидам задоволен. Сѐ додека до сите населени места да донесеме вода, канализација, да ги асфалтираме сите патишта и тротоари за пешаците, да изградиме велосипедски патеки, да овозможиме бесплатен превоз за секој ученик и студент и уште многу повеќе проекти.“, потенцира Георгиевски во предизборната порака до граѓаните.

Успеавме, потенцира тој, и покрај тоа што цели 4 години мнозинството на советот ги кочеше проектите кои ги предлагавме, а ги реализиравме во интерес на секој граѓанин.

„Гази Баба нема време за губење, на граѓаните од Гази Баба не им требаат советници кои ќе ги кочат проектите. Имаа 22 години, но за жал покажаа само дека немаат план и не сакаат да работат за Гази Баба. Затоа апелирам и барам од секој од вас, на 17 Октомври, покрај поддршката за мене и победа уште во првиот круг, да гласаме масовно и за советничката листа предводена од СДСМ. За да продолжиме заедно, со најдоброто за Гази Баба!“, заклучува Георгиевски.