Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Утре и задутре сонце, а од четврток нагло заладување и снег на планините

Утре попладне и во среда претпладне ќе има престанок на врнежите и повеќе сончеви периоди.

Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините во северозападните делови ќе врне снег.

Од утре повремено ќе дува засилен северен ветер.

Прогноза за 13.10.2021
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 11°C до 17°C
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачно, во западните и јужните делови со локални врнежи од дожд. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 14.10.2021
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 6°C до 11°C
Облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 15.10.2021
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 6°C до 13°C
Облачно и студено со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Државата Катар и Обединетите Арапски Емирати да побараат помош

C +

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

C +

СДСМ бара реакција од ДКСК и повлекување на Ефимија од Развојната банка поради конфликт на интерес

C +