22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски: Ова не е борба на Македонците и Албанците, ова е борба на целиот народ против корумпираната власт

Оваа наша борба мора да биде заедничка, ова не е борба само на Македонците, или само на Албанците, ова е борба на народот против корумпираната власт, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во Кичево.

Кога ќе се завртите и ќе погледате, рече тој, ќе видите дека буквално никој во Македонија не им верува.

„Лага е дека Македонците и Албанците се мразеле меѓу себе. Ниту јас, ниту било кој околу мене мрази некого. Обичните Македонци и Албанци, исто како и Турците, и Србите и сите останати одлично се разбирале меѓу себе. Ѕидовите биле поставувани од оние политичари кои во тоа гледале бизнис и лични интереси. И мене ми се гади од таквите луѓе. Треба да градиме заеднички патриотизам, модерен, нов, обединувачки, патриотизам на 21 век“, истакна Мицкоски.

Како што додаде, власта ги потценува гласачите, и мислат дека ги поседуваат гласовите на граѓаните. Според него, најдобриот начин за спротивставување на власта е да има масовна излезност.

„Тие не може да купат толку гласови колку што народот може да излезе и да им ја запечати судбината зад параванот“, додаде Мицкоски.

Истакна дека власта ги изневерила сите очекувања на граѓаните, не се реализирани ветувањата и немаат допир со реалноста во каква апатија се наоѓаат граѓаните, затоа потенцираше дека ова се избори кога ќе се стави крај на пакостите и кочењата на власта и народот ќе се избори за подобра иднина.

„Прекипено му е на народот од оваа власт, и овие локални избори се можност со вашата одлука и избор зад параванот да започнете да ги менувате работите. Одлучено е, а народот е решен дека сака промени на оваа корумпирана власт која не исполни ништо од тоа што вети. И затоа она што и преостана на власта е преку ситни итроманства, пакости и кочења да гледа да го намали поразот“, изјави Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Костова: Без Левица, Трајко Славески, непријателот на идејата за покачување минимална плата, немаше да биде Претседател на Совет на Град Скопје

ДЕСК

Уште една измама со лажна сообраќајка, тетовчанка измамена за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци

ДЕСК

Поместени граници во ортопедска трансплантација – извршена најсложена трансплантација на коска на Клиника за ортопедија

ДЕСК