2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Герасимовски: Да ја преземеме одговорноста и да направиме држава во која младите ќе ја гледаат иднината

Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата заедно со подржувачите на борците од НОБ, носителката на листа во општина Центар Андријана Будимир – Филиповски и Координаторката на жените на ОО СДСМ Центар Маја Борозан со положување свежо цвеќе се поклони пред споменикот на Споменикот на паднатите борци и оддаде почит на партизаните од НОБ по повод државниот празник 11 Октомври, „Денот на народното востание“, им испраќа честитка на сите граѓани на републиката.

„Горди и исправени денеска ја прославуваме 80 годишнината од државниот празник „11 октомври. Ден кога нашиот храбар македонски народ во Прилеп и Куманово се крена против окупаторот за ослободување на државата. И успеа, денеска растеме нови генерации и живееме во аманет слободна и да ја зачуваме“, изјави Герасимовски.

Тој исто така порача дека денеска нашата држава е членка на НАТО и нашите државници седат рамо до рамо со најсилните сојузници, ние живееме во демократска држава, онаму каде се почитуваат слободите и правата.

„Водејќи се од вербата на еднаквост и човечност денеска живееме почитувајќи ги различностите-слободни во едно општество за сите. Затоа е важно да бидеме свесни за нашата одговорност во чувањето на државата и слободата, а тоа може да го направиме ако ја преземеме одговорноста на нашата генерација. Да ја зачуваме државата, да ја градиме и водиме напред, сите заедно да изградиме силна економија во која младите генерации ќе ја гледаат иднината“, изјави Герасимовски.

Нека ни е честит и вековит 11 Октомври, „Денот на народното востание“.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +