26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Филипче од Прилеп: Одиме по патот и аманетите на нашите предци, ќе продлжиме храбро за обезбедување подобар живот

„Сакам да искажам почит и благодарност на хероите и паднатите борци за слобода. Уште одиме по патот за остварување на соништата и аманетите на нашите предци и не чека многу работа. Не смееме да чекаме судбината да ни биде иднина, туку да продолжиме храбро и со ентузијазам да создадеме поквалитетен и побогат живот“ кажа потпретседателот на СДСМ и министер за здравство Венко Филипче на граѓанскиот митинг во Прилеп.

„Да бидеме интегрирани во Европа и да покажеме дека ние не чекаме само од Европа, туку имаме и што да дадеме на нашите партнери и сојузници“ кажа Филипче.

Тој додаде дека треба да изградиме современа инфраструктура која ќе го олесни животот на нашите граѓани и компании за децата да ја гледаат иднината тука.

„Немаме време за жртвување на нови генерации и да оставаме некој друг да ни ги решава проблемите. Покажавме дека знаеме како треба и што треба да направиме“ рече Филипче.

Тој додаде дека од 1945 до 1991 година се направени доста значајни работи за земјава, прескокнати се децении во развојот, но исто така кажа дека во последниве години со визија, ентузијазам и љубов кон татковината прескокнати се векови и уште повеќе е забрзан развојот.