Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Весковски: Карпош ФИТ – посебна програма за младите во Карпош

Изјава на кандидатот на СДСМ за Општина Карпош, Душко Весковски:

Како поборници за активен спортски физички живот, Карпош ФИТ програмата посветена на младите во Карпош ќе нуди спортски активности и нутриционистички совети.

Нашата политика е обезбедување континуитет на постојните програми за поддршка на училишниот спорт во општинските основни училишта и нивно проширување со вклучување нови спортски дисциплини, со цел да придонесеме за здрав и правилен раст и развој на младите генерации.
Покрај програмата за поддршка на велосипедизмот, преку обезбедување субвенции за набавка на велосипеди, во првата година од мандатот воспоставуваме нова програма – Карпош ФИТ, за поддршка на рекреацијата, која ќе вклучува професионални инструктори и нутриционисти.

Клучен проект за реализација на нашата политика за поддршка на спортот и спортските активности е обновувањето на спортската сала „Партизан“, во чиј состав ќе изградиме базен, наменет за учениците од основните училишта, како дел од наставата по физичко и здравствено образование. Проектот ќе биде спроведен во соработка со Агенцијата за млади и спорт.

Можеби ќе ве интересира

ТЕМПЕРАТУРИТЕ СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ЌЕ СКОКНАТ И ДО 34°C, НАЈАВЕНО Е И НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните денови

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО СКОПЈЕ: Заталкано зрно оштетило предмет во двор

ДЕСК

МАЈКА ПРИЈАВИЛА НАПАД ВРЗ СВОЈОТ СИН: Инцидент на игралиште во штипско

ДЕСК