Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на патот Охрид – Кичево – има повредени

На 09.10.2021 во 10.20 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, на спојката со локалниот пат за с.Годивје-Дебрца се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ескорд“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(48) од Кичево и патничко возило „опел мерива“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(62) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С., а со телесни повреди се здобиле две сопатнички од истото возило, Б.С.(22) и Б.С.(52), двете од Скопје, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Можеби ќе ве интересира

ТЕМПЕРАТУРИТЕ СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ЌЕ СКОКНАТ И ДО 34°C, НАЈАВЕНО Е И НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните денови

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО СКОПЈЕ: Заталкано зрно оштетило предмет во двор

ДЕСК

МАЈКА ПРИЈАВИЛА НАПАД ВРЗ СВОЈОТ СИН: Инцидент на игралиште во штипско

ДЕСК