Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Лукаревска во Тетово: Тетовчани го заслужуваат Најдоброто, за здрава животна средина, за уреден град, за убав и достоинствен живот за сите

Тетово е срцето на Полог, Тетово го заслужува Најдоброто, а Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата ја имаат најдобрата програмска понуда за тетовчани, за здрава животна средина, за чист воздух, за уреден град, за достоинствен живот и шанса за секој, рече заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз Сања Лукаревска.

“Манипулираат и калкулираат со емоциите на граѓаните, тоа им е најсилното оружје, со манипулации и лаги не се гради држава, настапуваме чесно и одговорно, имаме план и реални решенија за подобар и поквалитетен живот.

Тетово не смее да биде на листата на најзагадени градови, градот под Шара ќе дише чист воздух, имаме план за сите населени места, ги прифативме препораките на граѓанскиот сектор од Тетово за подобрување на работата на локалните власти, за решавање на проблемите со комуналниот отпад, за подобро улично осветлување, за поквалитетно водоснабдување.

Ги поддржуваме младите и жените да отворат свој бизнис, да се вклучат во креирањето на локалните политики за создавање на правични и еднакви можности за сите. Најдоброто и за Тетово е 12, кандидатот за градоначалник Хамдија Елезовиќ и советничката листа предводена од Илија Димитриевски”.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК