Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Илиевски од Б.С.Гојчо: Б.С.Гојчо ќе добие нов лик со „Мој еколог“

Денеска кандидатот за градоначалник на Општина Куманово од редовите на СДСМ и Коалицијата, Оливер Илиевски оствари средба со жителите на урбаната заедница Б.С.Гојчо, на која истакна дека во мандатот коој следи, Б.С.Гојчо ќе добие нов лик со проектот „Мој еколог“.
„Предвидуваме реконструкција на ул.Моша Пијаде“, уредување дел зад гимназијата „Гоце Делчев“, како и решавање на проблемот со атмосферската канализација“- потенцираше Илиевски.

Илиевски исто така рече дека во програмата е предвидена доизградба на Градскиот кеј кој ќе биде уреден со ддрвореди, нов систем за наводнување на зеленилото и детско катче.

„Ќе го реконструираме и Градскиот стадион, затоа што најголемата општина во државата, го заслужува тоа“- заврши Илиевски.

Можеби ќе ве интересира

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК

ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАР: Напад со тврди предмети, едно лице пренесено на клиника

ДЕСК