Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски во Шуто Оризари:  Изградивме градинки, училишта, патишта, го олеснуваме животот на сите

-Изградивме над 60 градинки на територијата на целата држава, една овде во Шуто Оризари, реконструиравме улици и изградивме 1040 километри патишта, за споредба во времето на режимот за 12 години ВМРО-ДПМНЕ изгради само 500 километри во државата, рече потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовки на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Шуто Оризари.

– Реконструиравме училишта, полициски станици, а верувајте наследивме општини во долгови, Владата обезбеди над  50 милиони евра  за раздолжување на општините, а обезбедивме и пари за нови проекти, еве гледате преку значајни проекти на централната власт се гради атмосферската канализација во оваа општина еден од најголемите проблеми, заклучи Спасовски.

Според него политиките на СДСМ  се за зголемување на животниот стандард, инфраструктурата за секоја општина и град, а  резултатите се видливи.

-Имавме визија за едно општество за сите, и јас сум горд што многу сериозно го градиме и успеавме и да го одбраниме, овој концепт е за сите и за Македонците и за Албанците и Ромите и Србите и секој што живее овде, но оваа порака најсилно се шири од единствената ромска општина во светот, каде има соживот, еднаква грижа за сите граѓани, развој, посочи Спасовски.

Спасовски потсети дека платите растат и во здравството и во образованието и во полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ СЕ ФОРМИРА СНЕЖНА ПОКРИВКА ДО 15 СМ НА ПЛАНИНИТЕ: Најавени пообилни врнежи на дожд низ цела Македонија, некаде ќе преминуваат во снег – Метеоцентар со детална четиридневна прогноза

ДЕСК

Ако ЕУ има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе најде и за нас, пoрача Сиљановска-Давкова во годишното обраќање

C +

Претседателот на Собранието Гаши донираше средства за училиштата „Златан Сремец“ – Скопје, „Иднина“ – Скопје и „Лирија“ – Тетово

ДЕСК