23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Спасовски во посета на Долнени, Кривогаштани и Прилеп: За оваа Влада земјоделците, граѓаните се приоритет, за ВМРО приоритет беа жалните врби, гипс картонот и бронзата

Подпреседателот на СДСМ, Оливер Спасовски денес ги посети општините Долнени, Кривогаштани и Прилеп.

Тој во разговори со граѓаните потенцираше колку реално многу е направено во сите овие општини каде земјоделството го има приматот на граѓаните.

„Земјоделството и производството на храна за нас е врвен приоритет! Земјоделците мора да го добијат местото кое го заслужуваат. Испраќаме најголемо ниво на субвенции, инвестираме во наводнување, го решаваме и прашањето на пласманот. За оваа Влада земјоделството е приоритет.“, потенцираше Спасовски.

Спасовски зборуваше за големиот број планирани проекти во пелагониските општини Кривогаштани и Долнени.

„Аднан за изградба на микроакумулации кои ќе обезбедат вода и реконструкција на постојните, проширување на регионалниот пат Црнилиште – Лажани – Житоше – Кривогаштани, за индустриско стопански зони, откупни и преработувачки земјоделски капацитети.
Со Николче Мискоски идниот градоначалник, со носителот на листата Горан Новакоски планираме реконструкција на старата училишна зграда во Кривогашнтани, изградба на доводен цевковод од приклучна шахта на регионалниот водовод, набавка на фотоволтаични панели, изградба на спортска сала во село Обршани, изградба на фабрика за преработка и рециклирање на отпад и голем број други проекти.“, ги наброи планирате проекти Спасовски.

Во Прилеп тој освари работна средба со Горан Сугарески, идниот градоначалник на Прилеп, политичар кој бил на високи државни функции и кој планира да ја продолжи еволуцијата на напредната економија на Прилеп и Прилеп да го направи вистински модерен европски град со огромниот број планирани проекти.

„За Прилеп овие четири години многу е направено, но тоа прилепчани го знаат. Програмата на Сугарески и #СДСМ е амбициозна со огромен број проекти за сите од кои Прилеп ќе продолжи со својот економски развој, ќе продолжи да еволуира во модерен европски град со функционални решенија за сите проблеми, за сите граѓани. Посебно разговаравме за булеварските решенија на трите главни сообраќајни артерии во градот со многу нови паркинг места и планот за мултифункционален спортско-рекреативен-забавен центар Family Park Prilep – FPP. Како Влада ќе соработуваме за сите квалитетни проекти на секоја општина, да генерираме развој и поквалитетен живот за секој граѓанин.“ истакна Спасовски на средбата со Сугарески.

Тој на сите средби потенцираше дека враќање кон режимот на ДПМНЕ не смее да има, само проектите, планирањето, отчетноста, транспарентноста, едно опшстество за сите се демократски опции за напредок на општините и државата и ги повика граѓаните со својот глас да ја поддржат демократијата, проектите и развојот. Бројот 12 е #Најдоброто за секоја опшптина, најдоброто за секој граѓанин, најдоброто за Македонија.