23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Никој во Македонија не очекува нешто позитивно од Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, после средбата со граѓаните во Прилеп беше запрашан дали очекува актуелната власт да донесе датум за почеток на преговори со Европската унија.

„Јас од Зоран Заев не очекувам ништо. Од Зоран Заев очекувам да потпише уште еден бел лист хартија, а од другата страна да седнат и да си искуцаат што сакаат да содржи тој договор“, одговори Мицкоски.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, за да добиеме датум за преговори со ЕУ, најпрвин треба да сме економски силни, во државата да владее правото и да се има бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.

„Не очекувам ништо од Зоран Заев, ниту пак мислам некој во Македонија очекува од Зоран Заев. Јас не знам таков човек кој што денеска во Македонија очекува нешто од Зоран Заев, освен многу криминал, многу корупција, многу предавства, недостоинство и сето она кое што го гледаме изминативе 52 месеци“, посочи Мицкоски.