13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

НУРЕДИНИ: Регионалната соработка ќе го олесни одржливото управување со отпадот

На покана на генералниот секретар на Централната Европска Иницијатива Роберто Антонионе и министерот за екологија, просторно планирање и урбанизам на Црна Гора Ратко Митровиќ, во име на црногорското претседателство со Централната европска иницијатива (ЦЕИ), министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска учествува на Министерски состанок за животна средина во Трст, Италија.

Во првиот сегмент на средбата што беше од затворен карактер, се разговараше за предизвиците во управувањето со отпадот, при што министерот Нуредини ја презентираше новата легислатива и државна стратегија за воспоставување на регионалните системи за управување со отпад ориентирани кон циркуларната економија. Тој ја истакна потребата за соработка на регионално ниво за развој на преработувачките и рециклирачки гранки во управувањето со отпадот, како и иновативните пристапи во користењето на секундарните суровини, како и придобивките на економијата од обем и размената на знаења и добра пракса.

Сесијата фокусирана на оваа тема беше затворена со усвојување на Заедничка изјава за соработка во одржливото управување со отпадот во ЦЕИ регионот.

Втората сесија е отворена за јавноста и посветена на управувањето и заштитата на водите, а посебно односите помеѓу земјите кои делат прекугранични водни тела, промоцијата на одржливиот развој и градењето на отпорност на општествата и животната средина.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК

Милевски: Виница заслужува ред и напредок, да не ја препуштиме повторно на локалните шерифи

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.