Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Заев: Со Николов, Штип останува во сигурни раце, на 17 октомври гласаме за 12, за Најдоброто!

Со д-р Сашко Николов, заедно со советниците предводени од носителот на советничката листа, д-р Александар Мишев, специјалист- офтамолог во Клиничка болница Штип сте на сигурно – и вие граѓаните и градот – бидејки знаат, сакаат и ја имаат мојата, нашата, безрезевна поддршка, да го донесат Најдоброто на Штип, порача вечерва претседателот на СДСМ Зоран Заев во Штип.

„Главни програмски одредници и во општината Штип се суштински проекти со повеќедецениска важност и потреба. Се фокусиравме на инфраструктурни проекти во водоснабдувањето, сообраќајот, управувањето со отпад и образованието, коишто се од витално значење за растот и развојот на Штип.

И при тоа: Завршена е изградба на Регионален пат – излез Штип – Ново Село; Опремена е детска градинка за 180 деца; Се реализира деценискиот сон на Штипјнаи, иградба на брана на реката Отиња; Нова пречостителна станица за вода за пиење со капацитет од 300 кубни метри; Адаптиран е простор за Мал групен дом Штип за 10 деца; Сала во ОУ „Славејко Арсов“; Изграден е дел од локален пат од с. Шашаварлија, с. Кошево до с. Почивало; Изграден е дел од локален пат од с. Шашаварлија до с. Кошево; Изграден е локален пат за с. Долани – делница до Новакова чешма; Во тек на реализација на втората фаза од експресниот пат Штип – Радовиш и експресниот пат Штип – Кочани; Во тек е изградба на цевковод за водоснабдување на населба Македонка. Ова се проектите што ги носат европските стандарди и вредности дома, на ова мислиме кога зборуваме за Најдоброто“ порача Заев.

Претседателот Заев од штипјани побара поддршка за кандидатот Николов и за советничката листа на СДСМ.

„На 17 октомври да заокружиме 12, да го избереме Најдоброто за Штип“ повика Заев.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК