Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен 19-годишник кој со лажен пиштол се шеташе низ „Бисер“

Приведено е лицето кое утрово со пластичен пиштол се шеташе низ Трговскиот центар „Бисер“ во населбата Аеродром во Скопје.

Од полицијата информираа дека станува збор за 19-годишник со здравствени проблеми.

„Денеска, околу 9:20 часот, полициски службеници од Полициска станица Аеродром, постапувајќи по претходна пријава, во трговски центар на подрачјето на Аеродром го затекнале Ш.Л.(19) од Скопје, лице со здравствени проблеми, кој носел пластичен пиштол (играчка). Од страна на полициските службеници, пиштолот и футролата му биле одземени“, информираат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК