Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во општина Македонски Брод пред граѓаните истакна дека власта и Зоран Заев за 52 месеца го задолжиле секое семејство со 4.500 евра укажувајќи на изјавата на Заев дека ќе ја направи платата 1.000 евра, која, спред Мицкоски, е залудна ако трошоците за живот се 2.000 евра.
„Втората работа е да ја пренесам загриженоста од инфлацијата што го јаде животниот стандард. Тоа е голема тема во Европската Унија, а Заев само тука во Македонија сѐ уште нѐ лаже дека ќе донел 500 евра плата по 5 години власт. Може да каже дека ќе има и 1.000 евра плата, но ако 2.000 евра се трошоците за живот, тоа е залудно. Сите цени на производите драстично се зголемуваат, а додека ова го говорам, се поскапува цената на бензинот на светските берзи, ќе претстои повторно зголемување на цената на бензинот и нафтата, а со тоа и на продуктите во продавниците“, посочи Мицкоски.
Тој вели исто така дека се очекува и зголемување на цената на електричната енергија.
„52 месеца се власт и имаат потрошено 16 милијарди евра народни пари, ветија раст на економијата од 5 % годишно, а успеаја да донесат четири пати помалку, само 1,25 %. Секое семејство го задолжија за 4.500 евра. Секое семејство во Македонија изминативе 52 месеца плати точно 4.500 евра за да може да трае политичката кариера на Зоран Заев“, рече Мицкоски.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...