24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Лукаревска од Неготино: Проектите на ВМРО-ДПМНЕ се ветер и магла, промените за нив се барок, стиропор, закани и уцени

„Од Белата палата и на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ слушаме дека ќе ги задржувале младите дома, но очигледно имаат заборавено што се случуваше до 2016. Ние сме тука да ги потсетиме дека нивните проекти се ветер и магла“ рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Неготино.

„Заедно сме тука да памтиме и да ги потсетиме дека до 2016 година дозволија од нашата држава да се иселат околу 630 олјади граѓани. Истовремено велат дека нудат промени, но промените одамна се започнати. За нас промените се дека вложуваме во човечкиот капитал и овозможивме да се намали невработеноста на рекордно ниско ниво“ рече Лукаревска.

Таа додаде дека со доаѓањето на СДСМ на власт се намалија казните и казнената политика, се намалија непродуктивните трошења.

„Ги зголемивме и просечната и минималната плата, ги зголемивме платите во различните сектори, социјалната помош, пензиите и го зголемивме транспарентното владеење. Владееме транспаретно и отчетно пред граѓаните“ рече Лукаревска.

Таа додаде дека сите овие разлики и успешноста на локалните власти под водство на СДСМ во изминатите четири години се причината која ќе овозможи бројот 12 да биде победнички насекаде низ државата и во Неготино на овие локални избори.