Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Душко Весковски на средба со професори од Технолошко – металуршки факултет

Денес, заедно со Марин Докузовски – носител на листа на кандидати за советници на Општина Карпош, остваривме средба со експерти – професори од Технолошко – металуршкиот факултет – Скопје, со седиште во општина Карпош како и со претставници на Здружението на металурзи на Македонија со кои разговаравме за понатамошна идна соработка во областа на екологијата, мапирање на потенцијални загадувачи на територија на општина Карпош и помош со оптимизација на производствените процеси со цел намалувањето на загадувањето на воздухот, водата и почвата.

На работната средба се дискутираа и можностите за ангажирање на стручни лица во процесите на изработка на предлог проекти за третман на отпадот создаден при производствените процеси. Исто така се посочија и отворените можности за доквалификација на вработените во потенцијалните загадувачи на територија на општина Карпош со што ќе се обезбеди соодветно квалификуван кадар за справување со проблемите на загадувањето и намалување на истото.

„Како иден градоначалник на Општина Карпош, превземам обврска за промоција на програмите во рамки на Технолошко – металуршкиот факултет, со цел зголемување на интересот на средношколците од општина Карпош за изучување на овие научни дисциплини, кои се од огромно значење не само за општината тука и за државата во целост“ – истакна Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК