Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Бочварски од Штип: Покажавме како од режим се носи слобода и направивме се што другите само го ветуваа

Во овие четири години направивме поместување и развој на нашиот град, порача претседателот на Комисијата за транспорт на СДСМ, Благој Бочварски на партиската трибина во Штип. Тој кажа дека Социјалдемократскиот сојуз покажал како треба да се работи за граѓаните и како од режим се носи до слобода, а од 2cm асфалт се прават капитални проекти за градот.

-Во целиот период претседателот Зоран Заев даваше максимална поддршка за сите проекти за Штип. Осумте години на локална власт на ВМРО-ДПМНЕ тие ветуваа затворен базен, но не изградија, ветуваа стадион, но не го изградија, ветија пет платформи над Отиња, но ниту една не изградија. Сепак, направија триаголно игралиште за баскет, веројатно единствено во Европа, кажа Бочварски.

Тој додаде дека политичките опоненти ветувале водоводно приклучување на населбите Балканска и Чардаклија, но тоа не го направиле, а сега е факт.

-Ветија и улично осветлување на влезовите во градот, но ни тоа не го направија, потсети Бочварски.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

C +

Филипче: Протерување на младите умови, предлог-Законот ги деградира младите кадри

C +

Поплави во повеќе региони во земјава – евакуирани 220 лица во Кичево, критично во Форино, поплавени куќи, ниви, подруми

C +