Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Вескоски најавува еколошка општина со повеќе велосипеди, а помалку автомобили

– Нашата политика во наредните четири години е фокусирана на подигнување на нивото и квалитетот на одржување на постојното зеленило и садници и воспоставување нови зелени површини, а клучниот капитален проект е изградбата на големиот зелен парк спроти населбата Карпош 4, соопшти Душко Весковски кандидат на коалицијата Најдоброто за Карпош.

– Наша заложба ќе биде субвенционирање на граѓаните во Општина Карпош со инвертери заради зголемување на енергетската ефикасност, а со тоа намалување на загаденоста, односно заштита на животната средина. Исто така ќе се продолжи трендот на поставување фотоволтаици на јавни објекти каде што е возможно тоа.
Еден од нашите главни приорите е одржување на високо ниво на комуналната хигиена и урбаната опрема во Општината, за што ќе ангажираме соодветен број комунални редари. Во соработка со НВО, градските јавни претпријатија и општествено одговорните компании, нашата политика е Карпош да прерасне во општина со „нула отпад“.
Нашата политика е сите објекти за згрижување на деца, образовни и културни институции, да бидат претворени во енергетски ефикасни објекти, со уредени зелени површини.

Иако климатските промени, заштитата на водните ресурси и пречистувањето на отпадните води се прашања за кои општината нема посебни ингеренции, нашата политика во наредниот четиригодишен период е активно да се вклучиме во активностите што ги спроведуваат Владата и Град Скопје. Тоа особено се однесува на заштита на реката Вардар и изградбата на пречистителната станица за отпадни води на Град Скопје, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД, А ПОТОА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА И ПО ДЕСЕТИНА АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 11 од нив возеле без положен возачки испит

ДЕСК

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

ДЕСК