Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шекеринска од Ресен: Заев потврди дека зборот е збор и решава спорови со заштита на нашиот идентитет

На Самитот во Словенија добивме две потврди, две вистини кои ќе ги повторуваме, кажа Радмила Шекеринска од партиската трибина на СДСМ во Ресен. Таа кажа дека се потврдило дека државата, Владата и граѓаните го исполниле своето.

-Сите земји повторија дека Република Северна Македонија го исполни ветеното, ги испорача реформите и дека останува само ЕУ да го испорача своето, кажа Шекеринска.

Таа додаде дека се потврдила уште една работа, односно дека оваа Влада останала на својот збор. 

-Нашиот македонски премиер Заев остана на зборот. Останавме на тоа дека зборот е збор кога рековме дека ќе ги решаваме проблемите, но не на сметка на нашиот идентитет и достоинство. Знаеме да дојдеме до решение, но и да кажеме „не“ кога не е во согласност со нашите вредности. Интересите на државата ќе ги чуваме во секој момент и сето тоа што го сработевме беше за нашиот народ и нашата држава. Северна Македонија го заслужи својот европски пат и ќе го обезбеди тоа што го заслужува, порача Шекеринска.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК