Centar.mk
БИЗНИСвест

Регулаторна одлучи од утре почнува грејната сезона

Почнувајќи од утре, 7 октомври започнува испорака на топлинска енергија до потрошувачите поврзани на системите за централно греење во Скопје, којашто се врши по строго утврдени правила во зависност од атмосферските услови и надворешните температури. Овие правила се утврдени во регулативата за испорака на топлинска енергија  до потрошувачите, одобрена од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водни Услуги на Република Северна Македонија – РКЕ.

Според регулативата, доколку надворешните температури се пониски се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 +1 степен Целзиусов. Во исто време, со овие правила на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални трошоци за греење на потрошувачите .

При одредени атмосферски услови на доволно топло време кога не е потребно никакво греење, се прекинува испораката на топлинска енергија во периодите на високи надворешни температури, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности, греењето повторно се вклучува.

Инаку, оваа година грејната сезона започнува пред официјалниот старт на грејната сезона – 15-ти октомври, поради тоа што просечнaта дневна температура за следниот ден е пониска од 12 степени, РКЕ даде одобрение за испорака на топлинска енергија за да се обезбеди потребниот комфор на потрошувачите.

Можеби ќе ве интересира

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025: Локално признание за„Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

C +

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

ДЕСК

Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем

ДЕСК