Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведено лице, поднесена кривична пријава за чување и отуѓување на диво животно

На 05.10. 2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ криминал во координација со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(31) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено ловење, чување и отуѓување на диви животни“, по член 228, став 1 од Кривичниот законик.

Имено, по претходно добиени оперативни сознанија за незаконско чување на диво животно, преземени се мерки и активности, а по добиена судска наредба извршен е претрес на три локации на подрачјето на Куманово, со С.А. е извршен службен разговор и по насока на Јавен обвинител, од страна на СВР Куманово против него е поднесена кривична пријава. Во врска со овој случај се преземаат и дополнителни активности во насока на целосно расчистување.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК