Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за двајца измамници од Кочани

Одделението за внатрешни работи Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Струга, на издржување на казна затвор од седум години во затвор Штип и против Н.Н.(28) од Штип.

Првопријавениот П.С. остварил комуникација преку апликацијата Messenger со лице од кочанско село, се претставил како женско лице и успеал да го убеди да му ги даде сопствените лични податоци и податоците од неговата трансакциска сметка. После тоа, двајцата пријавени како соизвршители аплицирале за брзи кредити и од две финансиски друштва им биле одобрени парични средства во висина од 76.500 денари. Потоа, првопријавениот го довел во заблуда оштетениот дека парите се од „нејзини“ роднини од странство, оштетениот ги извадил од банка и ги дал на второпријавениот да ги предаде на П.С..

Можеби ќе ве интересира

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК