22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Владата ќе собира пари за пошумување на опожарените подрачја и набавка на противпожарна опрема

Владата, на вчерашната 109. седница, ја разгледа и усвои информацијата за состојбата со шумските пожари на територијата на државата, со пресек од 2019 до 15 август годинава.

„Врз основа на податоците од информацијата за опожарените површини, а со цел да се санираат штетите во согласност со редовната и вонредната програма за пошумување на ЈП ‘Национални шуми’, Владата му препорача на Министерството за финансии да ги разгледа можностите за алоцирање средства во висина до 421, 2 милион денари во согласност со процената за висината на штетата за целосна реализација на програмата за пошумување“, информираат од владината прес-служба.

Дополнително, Владата му препорачала на управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, во координација со Министерството за финансии, Секретаријатот за европски прашања и ЈП „Национални шуми“, да ги разгледаат можностите за утврдување извори за финансиски средства од фондовите на ЕУ и од програмите за климатски промени на Светската банка за набавка на комплетна современа опрема, вклучително и специјални теренски возила за справување со пожари и други природни катастрофи во согласност со предвидените реформи на системот за заштита и спасување.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК